Норвежанките добија скромна премија за европското злато

Норвешка очекувано стигна до одбрана на тронот на ЕП, откако во финалето ја победи Данска со 31-23.

Тамошната федерација ги наградите ракометарките за освоеното злато, а тие добија и дополнителен бонус за директниот пласман на СП 2025.

Според норвешката ТВ2, федерацијата за секоја ракометарка одреди премија од 130.000 норвешки круни.

Бонусот изнесува 30.000 норвешки круни, а се заедно е околу 13.500 евра, што и не е голема премија ако се знае стандардот во оваа скандинавска земја.