Романскиот шампион ЧСМ Букурешт во следниот период треба да го објави наследникот на довчерашниот тренер Адриан Василе.
Како што е познато, пред извесен период, раководството на ЧСМ Букурешт ја прекина соработката со екс селекторот на Романија поради елиминацијата во четвртфиналето од ЛШ.
Според пишувањата на романскиот портал „ПроСпорт“, европскиот шампион од 2016 е заинтересиран за селекторот на Норвешка, Торир Хергеирсон.
Искусниот стратег со скандинавската земја има освоено дури 15 медали на големите натпреварувања (СП, ЕП, ОИ).
ЧСМ Букурешт за следната сезона ангажираше неколку засилувања, меѓу нив сѐ и Игнер Смитс, Алина Гријселс, Ема Фрис…
Од клубот си заминаа Џенифер Гутиеерез, Жељка Николиќ, Марие Давидсен и трите репрезентативки на Франција – Грас Заади, Лаура Флипес и Лаура Глаузер.