Норвешки судии за Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 13 коло од Лигата на шампионите.

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе игра на гости кај Фуксе Берлин, а ЕХФ делегираше скандинавски арбитри.

Станува збор за Ларс Јорум и Хавард Клевен од Норвешка, додека делегат ќе биде Молдавецот Николае Визитиу.

Натпреварот меѓу Фуксе Берлин и Еурофарм Пелистер е закажан за 27 февруари од 20:45 часот во „Макс Шмелинг Арена“ во Берлин.