Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од последното коло во главната рунда во Вараждин.
Натпреварот кој за Македонија може да биде многу важен во борбата за четвртфиналето, а може и да одлучува само за конечен пласман, ќе го судат норвешки арбитри.
Станува збор за Ларс Јорум и Харалд Клевен, додека делегати на ИХФ за оваа пресметка ќе бидат Феликс Рац од Швајцарија и Бадер Алтејаб од Кувајт.
Натпреварот меѓу Македонија и Франција ќе се игра вечерва во „Вараждин Арена“ со почеток во 20:30 часот.