Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло од групната фаза на Европа.
Важниот натпревар за Македонија против селекцијата на Турција ќе мине со арбитража од Скандинавија.
ЕХФ ги делегираше норвешките судии Ескил Брасет и Леиф Андре Сундет, додека делегати се Рајзингер од Австрија и Витцум од Швајцарија.
Натпреварот меѓу Македонија и Турција ќе се игра во „Феникс Арена“ вечерва со почеток во 20:30 часот.