Спортинг со европска лекција во Трондхајм!

За разлика од женскиот клупски ракомет, норвешките машки екипи немаат таква доминација во лигата на шампионите па Колштад мораше да „капитулира“ пред Спортинг во меч од А групата на лигата н ашампионите, бидејќи португалскиот тим триумфираше со 34-30. До 40 минута домашните имаа водство, а потоа гостите откако ја преземаа иницијативата и предност, не дозволија да им „избегаат бодовите“.

Со новата победа Спортинг е на третото место на табелата со 8 бода, исто колку и Олборг, но Данците имаат натпревар помалку. Колштад останува на дното, на претпоследното место со само два бода, пред Динамо Букурешт кој е единствен без освоени бодови во групната фаза.

Домашниот тим го отвори дуелот моќно – водството на Колстад достигна и „плус 6“, предводено од Симен Улстад Лисе, кој мечот го заврши со 12 гола од 14 обиди и беше неверојатен. Но, второто полувреме донесе целосен пресврт – Спортинг одигра феноменални 19 минути со одбрана што ја „заклучи“ норвешката офанзива.

Клучниот човек на мечот беше Франсиско Мота Кошта со 9 гола, а поддржан од Виктор Ромеро (7 голови, 87% реализација) и Јан Гури (3 голови, 5 асистенции). Во моментот кога Колстад водеше со 20-17, Спортинг направи серија од 5-0, а по неа веќе немаше враќање.

Во последните десет минути, Ромеро и Мота Кошта беа незадржливи. Колстад имаше и своја светла точка – покрај Лисе, Адријан Алберг даде 7 голови, но бројните технички грешки (14 на мечот) ја урнаа нивната шанса за триумф.

Во следното коло Колштад е домаќин на Веспем, а Спортинг ќе го пречека Берлин.