Селекторот на женката сениорска репрезентација на Норвешка, Торир Хергеирсон, го соопшти списокот за настап на Европското првенство 2024.
Како што е познато, скандинавската земја на Европското првенство ќе настапи без лидерот Нора Мерк, која ќе паузира поради бременост.
Сепак, тука е легендарната Катрин Лунде, најголемиот адут на Норвешка, екс вардарката Камила Херем, Хени Рејштад, Сана Солберк, Марит Јакобсен, Силје Солберг…па така Норвешка има силен тим за одбрана на златото.
Освен Морк, во норвешката репрезентација ќе недостасува и Стине Офтедал. 33-годишната Офтедал по завршувањето на минатата сезона реши да се повчеле од ракометните терени.
Пред настапот на континенталниот собир, ракометарките на Норвешка во рамки од Златната лига ќе тестираат против Данска, Холандија и Романија.
Норвешка на Европското првенство 2024 за ривали во групната фаза ги има репрезентациите на Австрија, Словенија и Словачка.