Еден од трите домаќини на Европското првенство, селекцијата на Норвешка, остана без уште еден важен играч пред стартот.
Кружниот напаѓач Хенрик Јакобсен поради повредата на левото колено која ќе мора да се реши со операција ќе го пропушти континенталниот собир.
Селекторот Јонас Виле не планира да повикува нов ракометар и ќе оди на ЕП само со двајца пивоти – Солтад од Хановер и Ховде од Колстад.
Норвешка ќе игра со Франција, Украина и Чешка на ЕП, а пред ЕП селекторот се откажа од низа искусни играчи како Бартолд, Бјорнсен, Гулеруд, Тонесен…а поради повреда остана и без Род и Рајнкинд.


























