Еден од домаќините на ЕП, Норвешка славеше над Шпанија со 35-34 во трилер завршница од првото коло во главната фаза, во натпревар кој понуди многу пресврт и драма до самиот крај.
Првото полувреме мина во целосна неизвесност. Ниту една од селекциите не успеа да се одлепи на повеќе од два гола разлика, а на паузата беше реми 16-16, а тоа беше најреалниот одраз на случувањата на теренот.
Шпанија подобро го отвори второто полувреме, имаше неколку напади и за плус четири, но не успеа да ја материјализира предноста, а тоа Норвешка знаеше како да го казни.
Избраниците на Јонас Виле ризикуваа со игра „седум на шест“, лесно доаѓаа до позиција за шут и се вратија во предност на седум минути до крајот, 30-29. Шпанците се вратија во егал, во еден момент имаа и двајца играчи повеќе, но не успеаја да поведат.
Во финишот се влезе со водство за Норвешка, 35-34, Шпанија го имаше последниот напад, имаше и позиција за шут, но Баруфет наместо да шутира се реши да додава, домаќините се одбранија и немаше време за нешто повеќе од овој меч.
Најефикасен кај Норвешка беше Педерсен со 11 голови, додека кај Шпанија се истакна беше Алеиш Гомез со осум погодоци. Со оваа победа Норвешка ги освои првите два бода во групата, додека „фуријата“ останува со нула.

























