Норвешка без тројца важни ракометари на ОИ!

Машката репрезентација на Норвешка ќе биде сериозно ослабена на претстојните Олимписки игри во Париз.

Селекторот Јонас Виле ќе мора да се снаоѓа без двата десни бекови – Магнус Род и Кент Робин Тонесен, како и без средниот бек Свен Горан Јоханесен.

Род е се уште во процес на рехабилитација, па сака да биде целосно подготвен за стартот на подготовките со неговиот нов клуб ПИК Сегед.

Потоа откажа и Кент Робин Тонесен, најпрво за пријателскиот турнир со Хрватска, Данска и Аргентина, поради премор и набиена агенда, а тоа значи дека нема да оди ниту на ОИ.

Покрај Танген, Виле на десната бековска позиција го повика Бенјамин Халгрен од данскиот тим Рингстед.

Освен Род и Тонесен, за Норвешка на ОИ нема да настапи ниту Свен Горан Јоханесен, кој заработи повреда на Ахиловата тетива и ќе паузира подолго време. Норвешка е во група со Данска, Унгарија, Франција, Египет и Аргентина.