Една од најдобрите светски ракометарки, Нора Мерк, ќе паузира на неодредено време од ракометните терени.
Членката на данскиот Есбјерг и на норвешката репрезентација не настапи на дуелот од данскиот шампионат против Копенхаген, иако играше на минатиот двобој во Лигата на шампионите против Оденсе.
Се работи за лекување на стара повреда, која ја мачи подолго време, иако нема повеќе детали за што конкретно се работи.
„Јасно е дека медицинскиот тим ќе решава за тоа. Секако дека сакам да ја имам во тимот, бидејќи таа е фантастичен играч. Но не смее да игра со болка повеќе, бидејќи имаме долга сезона пред нас. Нека трае колку што треба да трае паузата“, изјави тренерот на Есбјерг, Томас Акснер за данската ТВ2.
Мерк играше повредена на Олимписките игри во Франција, каде сепак и помогна на Норвешка да стигне до злато.