Министерството за спорт ги објави номинациите за манифестацијата „Спортисти на годината“ за 2025 година, а ракометот има свои номинации во петте од деветте категории.
Во категоријата за најдобар млад спортист номиниран е чуварот на мрежата Иван Галевски, кој освои трофеј во ЕХФ Европскиот Куп, а со младинската репрезентација настапи на СП 2025. Негови конкуренти се Никола Блажевски (спортско стрелаштво), Адријан Рустемовски (бокс), Лука Змејковски (кик бокс) и Бесир Алили (борење).
Во категоријата за најдобра млада спортистка номинирана е Емилијана Ризоска од македонскиот шампион Ѓорче Петров. Ризоска беше дел од ЕХФ Европскиот Купт со „лавиците“, а за сениорската репрезентација настапи на бараж за СП 2025 и во квалификациите за ЕП 2026. Нејзини конкурентки се Душица Бреслиева (карате), Марија Спирковска (борење), Марија Димовска (кик бокс) и Даниела Алексовска (џиу џицу).
Меѓу тренерите, односно селекторите номиниран е Кирил Лазаров, а негови конкуренти се Могамед Ибрагимов (борење), Методија Ангелевски (пливање), Дејан Митровски (кик бокс) и Кристијан Кајчевски (атлетика).
Машката сениорска и женската сениорска репрезентација се номинирани во изборот за најуспешен национален тим, додека Ракометната федерација е номинирана во категоријата за најуспешна федерација.
Церемонијата и доделувањето на признанијата ќе се одржат на 18 декември.

























