Не е само Вори познат – Сесвете има ракометар со пет злата од ракомет на плажа!

Освен тоа што Сесвете е познат по тренерот Игор Вори кој зад себе има златни делаи од СП и Олимпијада, и златно од Лига на шампиони, хрватскиот тим има и играч кој има освеони и вкупно пет златни медали на СП и ЕП, но на ракомет на плажа.

Хрватскиот тим вечерва во 18:45 чaсот гостува во Скопје кај Вардар во рамките од првото коло на групната фаза од Лига Европа.

Во екипата немаат ниту еден интернационалец, туку сите се од Хрватска. Интересно е дека средниот бек Иван Думенчиќ е познат по тоа што игра и ракомет на плажа, и зад себе има три златни медали од СП и две злата од ЕП,а во 2024 година СП во ракомет на плажа беше избран за МВП. Почетоците на кариерата му е во Сесвете, и повторно се врати во 2021 година. Има играно во Дубрава, Борац, Нексе, Ѓенѓеш, Ал Рајан и Ал Џезира.

Сезонава само еден играч замина од екипата, Марино Мариќ кој потпиша за Будаи (Унгарија), а дури четворица пристигнаа – Тин Баковиќ, Максималијан Молц, Петар Мулиќ и Невио Кензовиќ.

Сесвете се враќа во групната фаза на ЕХФ Европската лига, откако минатата сезона дебитираше во ова натпреварување. За разлика од лани, годинава тимот мораше да помине низ квалификациите, каде што го совлада домашниот ривал Дуго Село за да избори место во следната рунда.

Иако го загубија првиот натпревар, Сесвете направија целосен пресврт на домашен терен, постигнувајќи убедлива победа во реваншот. Златко Раужан и Патрик Хршак беа најдобрите стрелци на двата меча.

Првично, Жељко Бабиќ ја презеде тренерската функција од Игор Вори во април, додека Вори остана во клубот во улога на технички директор. Меѓутоа, во септември Бабиќ се повлече, па Вори повторно седна на тренерската клупа.

Поранешниот хрватски репрезентативец сега предводи млад тим, во кој само еден играч има повеќе од 30 години. Минатата сезона Сесвете ја забележа првата историска победа во групната фаза на Европската лига, а оваа сезона тимот ќе се обиде да оди чекор понатаму. Сепак, конкуренцијата е силна и мисијата нема да биде лесна.