Двајцата ракометари на Барселона со балканско потекло, Ѓорѓе и Петар Цикуша, во иднина ќе го носат дресот на Шпанија.
Селекторот на Шпанија, Жорди Рибера, го објави списокот за пријателските натпревари во „Златната лига“, а на тој список се најдоа и талентираните ракометари.
Станува збор за браќа-близнаци, кои имаат српско-хрватско потекло, имаат 17 години и освоија злато на кадетското СП во Хрватска што се играше летово.
Селекторите на Хрватска и Србија, Горан Перковац и Тони Херона, најавија дека сакаат да ги видат во нивните репрезентации, но очигледно од тоа нема да има ништо.
Петар Цикуша е среден бек, кој доби шанса во првиот тим на Барса по заминувањето на Циндриќ и повредата на Макуц, додека Ѓорѓе е десен бек.