Ниту Битола, ниту Скопје – домаќинот на Супер купот ќе биде…

Пред почетокот на новата ракометна сезона вообичаено се одигра и меч од Супер купот. Ракометната федерација на Македонија го одреди терминот и местото на одигрување на натпреварот од Супер Купот. Иако постоеа најави дека домачќин ќе биде Скопје и СЦ „Борис Трајковски“, сепак тој меч ќе се игра надвор од Скопје.

Актуелниот освојувач на трофејот во Купот и шампионот Еурофарм Пелистер ќе се соочат во салата „26 април“ во Гевгелија. Вчера биле договорени сите детали за организација на натпреварот.

Според информациите од македонската куќа на ракометот, натпреварот е закажан на 4 септември, а саатницата допрва ќе биде потврдена.

Претстојното издание на Супер Купот ќе биде седмо, а првиот натпревар се играше во 2017 година.

Тимот на Вардар има четири трофеи, додека Еурофарм Пелистер има два што ги освои во 2021 и 2022 година.