Ништо од камбекот на Душебаев во Вардар!

Иако наголемо се шпекулираше за камбек на шпанскиот репрезентативец Алекс Душебаев во Вардар, се чини дека од тоа нема ништо.

Претседателот на Вардар, Михајло Михајловски, откри дека не било разговарано со Душебаев и дека нема да има негов камбек.

Се шпекулираше дека Вардар е една од опциите за Алекс, покрај понудата од Загреб и од Германија, но јасно е дека Шпанецот не се враќа во Скопје.

Шпанскиот десен бек беше дел од Вардар до 2018 година, пред да замине во полскиот Келце, а освои и титула во Лигата на шампионите со македонскиот првак.

Вардар ја продолжи соработката со Тузолана до 2027 година, го потпиша бразилскиот среден бек Да Силва до 2028, а се очекува допрва да бидат потврдени и други трансфери.