Тимот што го освои петтото место на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид, Партизан, носи големо засилување на голманската позиција пред стартот на сезоната.
Според пишувањата на „Журнал“, станува збор за иранскиот чувар на мрежата со романски пасош, Саеид Хеидарирад, кој замина од Динамо Букурешт.
Тренерот на Партизан, Ѓорѓе Чирковиќ, на располагање има тројца голмани – Арсениќ, Зориќ и Марјановиќ, но и покрај тоа ќе биде засилена голманската позиција.
Хеидарирад беше еден од најдобрите голмани во Лигата на Европа минатата сезона, а прекарот „нинџа“ го има бидејќи прави чуда на голот и често знае да оди над 20 одбрани.
Покрај иранскиот голман, од Партизан е најавена уште еден трансфер-бомба, па во Нови Сад, сигурно нема мирно да спијат.