Најдобриот ирански голман, Саид Хеидарирад, е нов член на македонскиот првак Еурофарм Пелистер. Искусен и квалитетен голман доаѓа во битолскиот клуб и наскоро ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26.
Се работи за 34-годишен голман, кој во својата земја е гопема спортска ѕвезда. Саид Хеидарирад доаѓа во Битола од Партизан Белград, откако даде голем придонес во титулата првак на Србија, која црно-белите ја освоија во сезоната 2024/25.
Хеидарирад долги години е во Европа, откако пред да дојде во Србија седум сезони настапуваше за романскиот гигант Динамо Букурешт и освои многу трофеи со клубот од главниот романски град.
Иранскиот голман потпиша договор на две години и ќе биде претставен во Битола на крајот од месецот, а ќе формира трио со Никола Митревски и Давид Брестовац.
Денеска битолчани го промовираа и новиот тренер, Рубен Гарабаја.