Нилсен: Против Хрватска нема да биде исто како против Португалија

Репрезентацијата на Данска славеше убедливо против Португалија со 40-27 и ќе има шанса да се бори за четврта светска титула по ред.

Противник во финалето ќе биде Хрватска, а голманот Емил Нилсен вели дека нема да биде исто против „коцкестите“.

„Бевме подобри во вториот дел, првиот не беше баш добар. Така нема да можеме во финалето. Мораме да бидеме подобри од стартот. Способни сме да одиграме сјајно и мораме така да продолжиме. Португалија е силен ривал, но мора да бидеме горди што ги размонтиравме во второто полувреме. Ако победивме против нив 13 разлика, тоа не значи дека ќе можеме исто против сите. Хрватска е талентирана репрезентација. Влегуваме во финалето со голема почит кон нив. Мора да дадеме максимум ако мислиме да ги победиме“, изјави Нилсен.

Натпреварот меѓу Хрватска и Данска се игра во „Унити Арена“ утре со почеток во 18:00 часот.