Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од последната рунда во Лигата на шампионите кај дамите.
Двоецот Ненад Николовски и Исмаил Металари ќе патува во Унгарија и ќе го суди натпреварот во „Ауди Арена“.
Тоа е мечот меѓу петкратниот европски шампион Ѓер и францускиот Брест Бретањ, кој нема особено значење за домашните кои го обезбедија првото место, но за гостинките е особено важен во борбата за што повисока позиција.
Овој натпревар се игра во „Ауди Арена“ на 17 февруари со почеток во 18:00 часот, а делегат ќе биде Хрватот Сокол.