Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од претквалификациитеза ЕП 2028.
Македонскиот делегат Ацо Николовски доби делегирање од европската куќа на ракометот и ќе патува во Турција.
Николовски ќе биде делегат на реванш средбата меѓу Турција и Бугарија што ќе ја судат Босанците Јовиќ и Арнаутовиќ.
Овој натпревар е закажан за 11 јануари во турскиот град Орду со почеток од 14:00 часот, а претходно истите две селекции ќе играат на теренот на Бугарија во Шумен.

























