По поразот од Полска во првото коло на „Трофеј Карпати“, машката кадетска репрезентација на Македонија запиша победа над домаќинот Романија со 32-24.
Предводени од голманот Николовски, кој имаше 19 одбрани, како и од Јован Петрески и Стефан Ѓорѓиевски со по седум гола, Македонија без особени проблеми ги надигра Романците.
Избраниците на Горан Кузманоски уште од стартот поведоа со 5-1, и таквата предност остана до паузата, 17-13.
Романците намалија на минус два, 22-20 во вториот дел, но серијата предводена од Поповски, Петрески и Ѓорѓиевски, Македонија се одлепи на плус седум, 27-20.
Тогаш веќе немаше дилеми околу победникот и Македонија сега утре од 09:00 часот ја очекува дуел со Србија во битката за второто место.