Ракометарите на Бутел Скопје во натпревар од 12. коло од плеј-оф фазата во Супер лигата дојдоа до убедлива победа над Струга, славеа со 34:20 (19:12).
Струга поради краткиот ростер немаше сили да се надигрува со домаќините и веќе капитулираше уште во првото полувреме.
На денешниот одигран натпревар сѐ беше решено во воведните десет минути кога избраниците на Горан Кузманоски поведоа со 7:0 најавувајќи убедлив триумф.
Расположен на теренот беше членот на Бутел, Филип Николов, кој зад своето име запиша 11 погодоци, а шест погодоци додаде Владимир Јефтиќ.
Во тимот на Струга стандардно најефикасен беше Мерис Бошњак со осум погодоци, по четири запишаа Бобан Савески и Ненад Костоски.