Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од завршниот турнир во Лигата на шампионите.
Македонската двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски повторно ќе бидат дел од собирот на најдобрите европски клубови.
Тие се делегирани во „Ланксес Арена“ да го судат натпреварот меѓу европскиот првак Барселона и германскиот Магдебург.
Завршниот турнир во Лигата на шампионите се игра на 14 и 15 јуни во Келн, а македонските арбитри минатата сезона го судеа финалето.