Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од 7 коло во Лигата на шампионите.
Најдобрата двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски добија нова задача во елитната конкуренција и ќе патуваат во Скандинавија.
Тие се делегирани да го судат натпревар меѓу норвешкиот Колстад и францускиот ПСЖ, кој ќе се игра во Тондхајм.
Двобој на Сандер Сагосен со неговиот поранешен клуб е закажан на 15 ноември во „Спектрум Арена“ со почеток во 18:45 часот.
Делегат на овој натпревар ќе биде Германката Рита Ерман Вулф.