Николов и Начевски се „чекираа“ во Париз

Македонски претставници на ракометните турнири на Олимпијадата ќе биде Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Тие судеа на дел од пријателските натпревари пред ОИ, а веќе се „чекираа“ во Париз и се во очекувања на делегирањата од ИХФ.

Македонските арбитри досега судеа на три Олимпијади, а во својата кариера имаат финалиња на сите големи натпреварувања.

Женскиот турнир на ОИ започнува утре, в петок е Свеченото отворање, додека в сабота ќе почне машкиот турнир на ОИ.