Европска ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 13 коло во Лигата на шампионите.
Најдобрата судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, по мечот во Магдебург, сега добија нова задача.
Македонските арбитри ќе го судат натпревар меѓу полскиот Келце и францускиот Нант што ќе се игра следната недела.
Тој е закажан за 26 февруари во салата „Легионово“ со почеток во 20:45 часот, а делегат ќе биде Јован Попадиќ од Србија.
Овој меч ќе биде многу важен за полскиот вицепрвак во борбата за осминафиналето на елитната конкуренција, додека Нант се бори за директно место во четвртфиналето.