Во полуфиналето е екипата на ла Духаил од Катар каде во стручниот штаб е и Петар Мисовски, кој е тренер на голманите на катарскиот клуб
Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски денеска ќе имаат голем предизвик пред себе.
Тие се делегирани од Азиската федерација да судат едно од полуфиналињата во тамошната Лига на шампиони.
Македонците ќе бидат арбитри на натпреварот меѓу домаќинот на турнирот Ал Духаил од Катар и Ал Калеј од Саудиска Арабија, кој е се уште актуелен шампион. Во екипата на Ал Духаил е и Петар Мисовски, македонскиот тренер кој е задолжен за работата со голманите на катарскиот тим. Тој четири години е во Катар, а сега работи со еден од најдобрите тимови во таа земја.
Во второто полуфинале ќе се сретнат тимовите на Шаржа од Обединетите Арапски Емирати и Казма од Кувајт.
По ден одмор, на 23 ноември в сабота ќе се одиграат завршните натпревар во азиската Лига на шампиони.