Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 8 коло во Лигата на шампионите.
Славе Николов и Ѓорѓи Начевски добија нова задача и следната недела ќе патуваат во унгарскиот Веспрем.
Таму ќе го судат натпреварот меѓу унгарскиот шампион и норвешкиот првак Колстад, кој никако да излезе од финансиската криза.
Натпреварот меѓу Веспрем и Колстад на кој делегат ќе биде Шпанецот Брето Леон е закажн за 19 ноември од 18:45 часот во „Веспрем Арена“.
























