Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло во Лигата на шампионите.
Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе судат натпревар од групата Б, каде што се наоѓа и Еурофарм Пелистер.
Тие се делегирани на дуелот меѓу унгарскиот ПИК Сегед и полскиот шампион Висла Плоцк што е закажан за идната недела.
Тој дуел ќе се игра на 11 септември со почеток од 18:45 часот во „ПИК Арена“ во Сегед, а делегат ќе биде Словенецот Јанко Пожежник.