Николов и Начевски „јуниори“ со прв меѓународен предизвик!

Наследниците на Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, нивните синови Матеј Николов и Драган Начевски, ќе го имаат првиот меѓународен предизвик во кариерата.

Тие ќе судат на Европскиот младински олимписки фестивал, кој ќе се одржува во Скопје од 21 до 26 јули.

На машкиот и женскиот ракометен турнир секој ден ќе има по четири натпревари (вкупно осум меча), па Николов и Начевски ќе имаат можност да ги покажат своите квалитети.

Машката кадетска репрезентација на Македонија своите натпревари ќе ги игра во СРЦ „Кале“ од 18:15 часот, додека кадетките ќе играат во СЦ „Јане Сандански“ секој ден од 16:00 часот.