Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од 6 коло од Лигата на шампионите.
Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани за натпреварот што ќе се игра во Франција.
Тие ќе ја судат средба меѓу францускиот Нант и данскиот Алборг, на која делегат ќе биде Полјакот Марек Горалчик.
Натпреварот меѓу Нант и Алборг е закажан за 22 oктомври во „ХХЛ Арена“ со почеток во 20:45 часот.