Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе додадат уште едно финале на сите оние што досега ги имаат отсудено.
Тие ќе го судат финалниот натпревар на ТВ Турнирот на шампионите во Добој, каде ќе се соочат египетскиот Ал Ахли и хрватскиот Загреб од 20:15 часот.
Претходно во битката за третото место ќе играат турскиот Бешикташ и унгарската Татабања од 17:20 часот.
Николов и Начевски претходно судеа уште два меча од групната фаза во Добој, а по овој турнир ќе бидат дел и од Светското клупско првенство во Египет.