Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од шестото коло во Лигата на шампионите.
Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе бидат главни на двобојот на можебите двете најсилни екипи во Европа.
Станува збор за мечот на гигантите Барселона и Веспрем, што е на програмата следната недела.
Делегат ќе биде Полјакот Горалчик, а натпреварот ќе се игра во „Блауграна“ на 26 октомври од 20:45 часот.