Некогашниот кадетски и младински репрезентативец Антонио Николоски ќе го има првиот меѓународен предизвик.
Левиот бек кој располага и со одлични дефанзивни карактеристики, ќе се пресели во Босна и Херцеговина и до крајот на сезоната ќе настапува за Слога Добој.
Досегашниот член на Младост Богданци ќе заигра за тимот што беше елиминиран од Охрид оваа сезона во ЕХФ Европскиот Куп, но се бори за титулата во Босна и Хергеговина.
По 13 одиграни кола лидер на табелата е Извиѓач Љубушки со 22 бода, додека Слога Добој и Вогошча со по 18 бодови.
Николоски беше дел од кадетската репрезентација на Македонија на две големи натпреварувања – на ЕХФ шампионатот во Летонија во 2022 година и на СП во Хрватска во 2023 година.























