Николиќ: Наша цел е да го дадеме максимумот, секако дека атакуваме полуфинале!

Македонскиот шампион Ѓорче Петров обезбеди пласман во четвртфиналето на Европскиот Куп и во третото по ранг европско натпреварување ќе се обиде да направи уште еден чекор повеќе, односно да обезбеди полуфинале.

Ѓорчепетровки на реванш дуелот од осминафиналето во чешкиот град Чеб беа поразени од Хазена Кинжварт со 34:33, но поради победата на првиот натпревар од 32:29 се чекираа меѓу најдобрите осум екипи во Европскиот Куп.

Ракометарката на Ѓорче Петров, Милица Николиќ, ги сподели своите импресии по обезбедениот пласман меѓу најдобрите осум екипи.

,,Премногу сме среќни за обезбедениот пласман меѓу најдобрите осум екипи. Знаевме дека не очекува тежок натпревар, но верувавме во нас, верувавме дека ќе успееме и дека ќе се пласираме. Противничките ракометарки ни излегоа подлабока зона, а судиите не беа на ниво на задачата каде игравме со четири играчи и директен црвен картон, кој не беше заслужен, но и на тоа најдовме решение и се одбранивме. Во клучните моменти од натпреварот Чурлиновска бранеше одлично, а ние имавме мирен напад. Нашата цел уште од самиот старт е да го дадеме својот максимум, да се покажеме во најдобро светло и да целиме кон подобар пласман. Секако дека атакуваме на полуфинале”, изјави Николиќ.

 

🎥📷Македонското знаме се развеа во Чешка

Ѓорче Петров се пласира во четвртфиналето на Европскиот Куп!