Во периодот меѓу двете полусезони во Првата лига, екипата на Вардар Неготино ќе претрпи сериозни промени во играчкиот кадар.
Чуварот на мрежата Никола Стојкоски, си замина од клубот и двете страни ќе тргнат по својот пат. Стојкоски дојде во Неготино во текот на летото и имаше забележителни партии на некои од натпревари во Првата лига.
Претходно клубот се раздели со левото крило Христи Бикоски, десното крило Мице Шилегов, десниот бек Иван Митревски и кружниот напаѓач Андреј Маркудов.
Неготинци ја почнаа сезоната со Пепи Манасков на клупата, кој замина по поразот во Штип, а до крајот на есенскиот дел од сезоната ги водеше Игор Котевски.
Со каков ростер ќе продолжи Вардар Неготино во пролетниот дел од сезоната ќе биде познато пред стартот на подготовките кон крајот на јануари.
Неготинци се на четвртото место на табелата со 18 бодови и имаат негатива од шест бода зад лидерот Младост Богданци со 24 бодови, а два зад Драчево кој е трет и има 20.

























