Никола Стоилевски пред трансфер во Пролет

Еден од кандидатите за пласман во плеј-оф фазата, тимот на Пролет, е на добар пат да се засили пред стартот на вториот дел од тековната сезона.

Ново име во Пролет би требало да биде Никола Стоилевски, кој настапува на позицијата десно крило и зад себе има солидно суперлигашко искуство.

26-годишниот ракометар во првиот дел од сезоната беше без клуб, додека минатата сезона ја помина во редовите на Охрид.

Стоилевски во својата кариера беше дел и од екипите на Еурофарм Пелистер 2, Металург 2, Бутел Скопје…

Пролет има шанси да обезбеди пласман меѓу најдобрите шест екипи, а пролетниот дел од сезоната ќе го започне со Никола Матлиески на клупата.