Тимот на Охрид славеше против составот на Скопје со 40-24 и обезбеди место во финалето на групата 4 од Купот на Македонија.
Охриѓани ќе го чекаат победникот од дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Куманово, и вечерва ќе имаат шанса да се борат за место на Ф4.
Скопје парираше во првиот дел, имаше и реми во еден период 12-12, но тогаш тргна серијата на Охрид од 9-2 предводена од младинскиот репрезентативец Никола Ристески и на пауза домашните обезбедија плус седум, 21-14.
Вториот дел беше само формално одработување на задачата и Охрид веќе беше со мислите во дуелот што носи место на завршницата од Купот.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ристески со десет и Шипинкоски со седум погодоци, додека кај Скопје се истакна Павлов со пет гола.
Куп на Македонија, мажи, распоред:
група 1 (Кавадарци)
23/3, 12:00, Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш
23/3, 14:00, Прилеп – Мулти Есенс
23/3, 18:00, Еурофарм Пелистер 2/Тиквеш – Прилеп/Мулти Есенс
група 2 (Скопје)
23/3, 14:30, Бутел Скопје – Струга
23/3, 18:00, Алкалоид – Вардар Неготино
24/3, 18:00, Бутел Скопје/Струга – Алкалоид/Вардар Неготино
група 3 (нема организатор)
Пролет – Голден Арт 22:32
23/3, 18:00, Радовиш – Вардар
24/3, Голден Арт – Радовиш/Вардар
група 4 (Охрид)
Охрид – Скопје 40-24
23/3, 12:30, Еурофарм Пелистер – Куманово
23/3, 19:30, Охрид – Еурофарм Пелистер/Куманово