Поранешниот селектор на кадетската репрезентација Никола Матлиески, од денеска е нов селектор на пионерската репрезентација на Македонија (У15).
Матлиески е искусен стратег, кој своевремено работеше во пионерската и кадетската репрезентација, а сега одново се враќа на тоа место.
Допрва ќе бидат познати деталите околу формирањето на селекцијата, што веројатно ќе се случи во ЕХФ неделата во мај, па потоа ќе се знаат и идните активности на оваа генерација.
Покрај Матлиески, УО на РФМ го именуваше и Филип Миркуловски, за предводник на помладите пионери (У13), уште една репрезентација што ќе се формира.
ИХФ воведе Светско првенство за пионери (У16), па Македонија наредната година ќе има можност да се квалификува и на ова натпреварување, што ќе се одржува секоја непарна година.
Во моментов селектор на кадетите е Горан Кузманоски, на младинците е Наум Танески, додека на сениорите е Кирил Лазаров.

























