Македонскиот интернационалец Никола Костески e лидер на листата на стрелците во чешкиот шампионат.
Костески има постигнато 38 погодоци за шампионот Талент Плзен на досегашните натпревари во сезоната.
Плзен одигра шест меча, на кои има пет победи и едно реми и успешно ја стартуваше одбраната на титулата.
Македонското десно крило најдобриот меч сезонава го одигра против Копривнице, кога даде 15 гола.