Искусниот стратег Никола Бисинов од викендов е нов предводник на прволигашот Вардар Неготино кој денеска ја стартува борбата за елитната конкуренција.
Бисинов, кој минатата сезона го предводеше составот на Бисинов (подоцна преименуван во Борец ФЛ), без ниту еден пораз до Супер лигата, ќе го замени Ратко Вељанов, кој пак си поднесе оставка по поразот од Партизан Гевгелија во Купот на Македонија.
Велешанецот го имаше своето деби на натпреварот од првото коло од прволигашкиот плеј-оф против Јехона и дебитираше со триумф, 39-32.
Бисинов има големо тренерско искуство, особено во работата со млади категории и Вардар Неготино ќе адут плус во битката за што подобар пласман на табелата во прволигашкиот плеј-оф.
На табелата, Еурофарм Пелистер 2 има 18 бодови на лидерската позиција, втори се „витамините“ од Автокоманда со 13, додека третa e Maкедонија ЃП, додека Вардар Неготино е шести со осум бодови.