Никој не може да ги запре – Чаир на врвот во Супер женската лига

Ракометарките на Чаир остануваат и натаму единствените на лидерската позиција во Супер женската лига.

Девојките на Басри Љатифи го совлааа составот на Куманово со 26-17 и сега има шест победи на шест натпревари од стартот на сезоната.

Беше 5-1, па 7-2, потоа чаирчанки имаа и плус осум на паузата, 16-8, а второто полувреме беше одработено рутински.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Хана Мифтари, Марија Николовска и Изабела Фереира, а кај Куманово исто толку Маријана Азеведо.

Во следното коло ќе се игра големо дерби – Чаир ќе гостува кај Металург Автокоманда, додека Куманово ќе го пречека Пелистер.