Никој како Еурофарм Пелистер 2 – Моќно и суперирно до елита!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 со 26 победи на 26 натпревари го завршија прволигашкиот плеј-оф и заслужено се вратија во елитата.

На последниот сезонски натпревар, избраниците на тренерот Александар Зарков, го совладаа составот на Македонија Ѓорче Петров со убедливи 42-24.

По првиот дел беше 18-13 за домаќините, а второто полувреме мина во комплетна нивна доминација.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Бен Махфуд со 11 и Мирче Калајџиески со десет погодоци, додека кај Македонија Ѓорче Петров се истакна Матеј Марковски со пет гола.