НИ ТРЕБА ДАНСКО ЧУДО ЗА ТОП 12!

Македонската ја заврши својата задача на ЕП и ја победи Романија во третата рунда од групната фаза со 24-23, но таа победа тешко дека ќе биде доволно за нешто повеќе од третото место во групата.

Херој на натпреварот беше Ненад Костески, чиј гол донесе минимален триумф од 24-23. Македонија покажа карактер и борбеност до последната секунда, но судбината за пласман во ТОП 12 не е во наши раце.

За сензационален пласман во главната фаза, Македонија сега мора да се надева на вистинско чудо, победа на Данска над Португалија со најмалку 18 голови разлика.

Но сепак и да не се случи тоа Македонија сигурно ќе заврши во ТОП 16 на ЕП и ќе игра само еден бараж, односно ќе биде и носител на ждрепката.