Наместо дерби, барем според позцијата на екипите на табелата, средбата во Автокоманда беше целосно во знакот на Вардар кој славеше со 27-23 (16-8) против вицепрвакот. Со тоа „црвено-црните“ се враќаат во игра за титулата, иако се уште имаат тежок пат. Тимот составен од македонски репрезентаивци предводен од селекторот, капитулираше на домашен терен и веројатно ќе му биде тешко да остане во игра за највисoкиот пласман.
Се беше решено уште во првото полувреме кога Вардар направи убава предност од 16-8, најавувајќи го својот триумф. Го имаа во својот состав вардарци Јапонецот Јасухира кој командуваше одлично со нападот, и расположениот Томовски меѓу стативите кој одбрани вкупно 15 топки на мечот, а 10 само во првото полувреме. Иако во тимот немаше класичен десен бек поради повредите на Јагуриновски и Бакар, тоа одлично го одигра и Ѓукиќ, а одбраната не дозволи топките лесно да минуваат.
Првите 14 минути беа израмнети, па и резултатот, 7-6 за Вардар. Потоа следуваше серија на повеќекратниот македонски првак и брзо „скокнаа“ на 14-7 во 25 минута. Тоа беше знак дека во Автокоманда ќе има „цунами“.Милан Лазаревски се бореше и одбрана и напад, па иако доби две исклучувања во првиот дел, успеа до крај да остане на нозе и да го заврши мечот.
Малата криза што Вардар ја имаше во вториот дел им даде надеж на домашните дека може да направат пресврт, ама стигнаа само до 24-20. Потоа пак Вардар „стисна“ и зголеми на 27-20. Се беше веќе решено, па остантите три минути беа само формалност. Имаше шанса Вардар да ја раситни и десетката, ама неколкупати имаше предност од девет гола.
Марко Срдановиќ со седум гола беше најпрецизен кај Вардар, а по четири гола дадоа Матија Николиќ и Косике Јасухира. Кај домашниот тим, Мартин Серафимов дае осум гола, од кои седум од пенал.
ТАБЕЛА плејоф