Невремето предизвика хаос – Хрватите останаа без опрема, Германците помагаат!

Снежното невреме насекаде низ Европа предизвика големи проблеми во сите области, па и во спортот.

Откако германската репрезентација мина 12 часа на пат до дома, со неколку одложени летови, истото вчера и се случи на Хрватска на пат до Хановер.

Поради доцнењето на летот од Загреб за Франкфурт, Хрватите го пропуштија конекцискиот лет, па германската федерација им обезбеди автобус до конечната дестинација.

Хрватската експедиција пристигна во Хановер околу полноќ, но без багажот и нејасно е дали тој ќе пристигне во овој германски град до почетокот на мечот.

Германците ќе помогнат околу опремата, но се уште е нејасно дали Хрватите ќе можат да настапат во својата опрема.

Мечот меѓу Германија и Хрватска се игра од 18:05 часот во Хановер.