Големото невреме што ја зафати Северна Европа и снежните врнежи се причината за откажувањето на многу летови во овој дел од континентот неколку дена по ред.
Таков проблем имаше и светскиот шампион Данска, чиј лет од Билунд за Амстердам кој требаше да биде вечерва е откажан.
Данската федерација сега ќе бара алтернативни конекции или летови од Копенхаген за холандскиот главен град.
Градот Алмере во Холандија е домаќин на „Златната лига“, а покрај „лалињата“ на турнирот треба да настапат Данска, Норвешка и Грција.
За три селекции овие дуели на 8 и 10 јануари ќе бидат главните тестови пред стартот на Европското првенство.
Исто така, дуелот меѓу Словенија и Кувајт, кој денеска требаше да почне од 18:00 часот во Требње, ќе доцни поради снежните врнежи и тешкото одвивање на сообраќајот.

























