Европскиот првак Франција сруши уште еден рекорд на Европските првенства со партијата што ја имаше во првиот дел против Португалија.
Французите водат со 28-15 по првите триесетина минути проти „хероите“ од морето, а тоа е најголем број на голови што ги постигнала една репрезентација.
Досегашниот рекорд го држеше Полска, која и даде 26 голови на Белорусија на Европското првенство 2016 во Полска.
Франција имаше 20/20 пред првпат да промаши на мечот со Португалија, а првиот дел го заврши со 28 голови од 32 удари.
























