Неверојатен Вардар – од минус шест до триумф против Мелсунген

За Вардар немаше друга алтернатива освен победа, особено откако „црвено-црните“дознаа дека Бенфика победи во Шведска во второто коло од Главната фаза на Лига Европа. Само со трумф македонскиот тим можеше да се надева дека ќе остане во борба за место што води во осминафиналето.
Но, за да дојдат до бодовите Вардар мораше добро да се помачи, да одигра најдобро и да направи сериозен пресврт во резултатот, зашто имаше негатива од 6 гола, но на крајот победи со 37-33 (18-19).

Јака Малус И Вукашин Воркашиќ заедно постигнаа 19 гола за Вардар. Сега Вардар има 4 бода исто колку и Бенфика на делба на второто место, додека Мелсунген е прв со 6 бода. Важен дуел ќе биде следниот, кога во Скопје доаѓа Бенфика. И тој може да покаже дали македонскиот тим може да остане во игра барем за второто место.

Мечот во Скопје почна со двојна одбрана на Васил Гогов како најава за новиот триумф на Вардар во Лига Европа. На спротивната страна Јака Малус го „начна“ голот на Мелсунген. Ако Вардар мислеше дека лесно ќе се справи со „младинците“ од Мелснген, тоа не беше така на терен, барем не во почетните минути, бидејќи гостите по 5 минути игра водеа со 3-2. И не застанаа тука, зашто Вардар како да ги потцени, а тоа му донесе водство во 9 минута на гостинот од 5-3.

Посакаа домаќините поддршка од трибините и ја имаа, во речиси полната сала во „Јане Сандански“, ама изостана добрата игра на „црвено-црните“ за да биде впечатокот комплетен. Поведе Мелсунген со 6-3, а на спротивната страна Ласло Бартуш ја имаше третата одбрана. Кога Мелсунген поведе со 8-4 веќе немаше друга алтернатива Иван Чупиќ, па бараше минута одмор надевајќи се дека ќе успее нешто да смени во играта и пред се во резултатот.

Наместо да намали, Вардар промаши, а на другата страна предноста веќе беше 9-4 за Мелсунген, и повторно Бартуш беше подобар од играчите на Вардар и за 11 минути веќе имаше пет успешни одбрани со реализација од 55 отсто. Милош Валах застана меѓу стативите на голот на Вардар кога гостите направија „плус 6“ и поведоа со 10-4 во 14 минута.

Успеа Вардар да се врати на негатива од 9-12, ама секоја грешка гостите ја казнуваа па повторно отидоа на највисоките „плус 6“ за водство од 15-9. И покрај тоа Вардар не се откажа, па полека ја топеше предноста, која н аполувреме дојде до минимални 18-19 давајќи им надеж на домаќините дека може во второто полувреме да ја „свртат“ играта во своја корист.

И добро почнаа домаќините, им успеа да направат пресврт и да поведат, па продолжи мечот да се игра „гол за гол“. Имаа силна желба вардарци побрзо да направат разлика, па и многу повеќе грешеа. Водеше Вардар со еден гол, па Мелсунген израмнуваше. Тоа беше игра на нерви, во која немаше проправен. Секој напад беше важен, особено што беше очигледно дека Вардар „нема ден“ и ќе му треба повеќе концентрација за да може да одигра за победа.

Јака Малус во 47 минута првпат погоди за предност од „плус 2“ за Вардар кој водеше со 28-26. Дека секоја грешка се казнува покажа ифактот дека Мелсуген почна да игра тешко, и една нивнагрешка Митровиќ ја казни за водство до 30-27, а потоа и за 31-27 како највисоко водство. Можеше и ударот на Лазаревски од половина терен на празен гол да биде реализиран ако не завршеше во стативата.

Последните десет минути од средбата Вардар влезе со предност до 31-28 и напад од кој Воркапиќ постигна гол за водство 32-28. Се чинеше дека полека мечот ја добива својата завршница во која вардарци ќе слават победа.
Во 57 минута Горига зголеми на 35-31 и изгледаше дека тоа е решавачкиот момент. Особено што во следниот напад гостите не постигна агол